Ширум Грција земјоделците продолжуваат со илјадници трактори да ги блокираат патиштата, кои за Божикните празници се оставени проодни во една трака, а клучните одлуки за продолжување на протестот ќе бидат донесени овој викенд, пишува весникот „Катимерини“.
Земјоделците истакнуваат дека „не добиле никакви конкретни гаранции од владата дека нивните барања ќе бидат исполнети“ , па затоа остануваат на барикадите.
На автопатот Е65 се паркирани околу 3.000 трактори, но сообраќајот не е во прекин, бидејќи за празниците земјоделците оставија една или две траки од автопатот проодни.
До крајот на неделата се очекува национален состанок на земјоделците, на кој ќе се договорат дали ќе продолжат со блокадите и дали ќе ги засилат. Грчката влада тврди дека од 27 барања на земјоделците 16 биле решени, 4 се разгледуваат, а 7 не можат да бидат реализирани.
Земјоделците протестираат поради каснењето на исплатата на субвенциите од ЕУ, надоместоците што им ги должи државата. Но бараат и набавка на гориво без данок и пакет мерки за решавање на тешката состојба во земјоделството.
Слични новости
Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн
Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Обидот на Трамп да го присвои Гренланд ги сврте Ервопјаните против него
Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против...
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.


