Протестите на грчките земјоделци ширум Грција ескалираат со 48 часовна блокада на националните автопатишта, главните крстосници и обиколниците, а почнаа рано утринава во согласност со одлуките донесени на синоќешните собранија.

Земјоделците бараат директен состанок со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објавува весникот „Катимерини“.

Блокадите се поставени на клучните локации, вклучувајќи ги и граничните премини Евзони, Ники, Промахона, Неврокопи, Бралос и Халкида.

На поголемиот број точки камионите и комерцијалните возила не може да поминат, додека парничките возила и автобусите се пренасочуваат.

Организаторите наведуваат дека ескалацијата на состојбата е единствениот одговор на неисполнување на барањата од страна на владата.

Обвинителството по налог на Врховниот обвинител Константинос Кавелас им даде нструкции на локалните обвинители веднаш да интервенираат и да обезбедат премин на патиштата зафатени со блокади.

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.