Украинскиот претседател Володимир Зеленски постави воена администрација во пристанишниот град на Црното Море, Одеса поради конфликт со градоначалникот, објави германската агенција dpa во средата.

Со воспоставувањето на воена администрација во Одеса, Зеленски ќе има подиректна контрола врз градот.

 

Во вторникот Зеленски му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од десет години, врз основа на тоа што имал руски пасош. Труханов го негира ова и има намера да поднесе тужба против одлуката на Зеленски и да остане градоначалник.

Сепак, со губењето на државјанството, градскиот челник автоматски беше отстранет од функцијата, бидејќи на украинските функционери не им е дозволено да имаат двојно државјанство, а му се заканува и депортација.

„Премногу безбедносни прашања во Одеса се нерешени предолго“, рече Зеленски во вторник, без да даде детали.

Труханов, кој постојано ја обвинува Русија за бројни напади врз Одеса, е градоначалник на стратешки важниот пристанишен град со повеќе од милион жители од 2014 година.

Зеленски минатата седмица ги обвини „локалните лидери“ на Одеса дека не направиле доволно за да ги заштитат граѓаните од поплавите од минатиот месец во кои загинаа десет лица.

Украинската разузнавачка служба СБУ соопшти дека наводно има докази дека Труханов има важечки руски пасош и објави фотокопија од него на Telegram.

globe

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер