По вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД во Женева, нема конкретен напредок, иако преговарачите на двете страни изнесоа умерен оптимизам.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во меѓувреме изјави дека украинските сили се подготвени да го почитуваат прекинот на огнот доколку постои политичка волја за негово спроведување и посочи дека мониторингот би ги вклучил и САД.
Во фокус на разговорите биле територијалните аранжмани, енергетската безбедност и идниот статус на нуклеарната централа Запорожје, но главните несогласувања се околу територијата.
Територијалните прашања и понатаму се централната пречка. Киев смета дека замрзнување на сегашната линија на фронтот е најреалната основа за почетен прекин на огнот.
Москва, пак, инсистира украинските сили целосно да се повлечат од Донбас како предуслов за каков било договор и позиција што за Украина е неприфатлива како стартна точка.
Слични новости
Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто
Цената на нафтата Брент се движи под 90 долари за барел, а американската сирова нафта падна на 84 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс. Ова е најниско ниво на цената на нафтата во последните 5 недели.
Нови руски удари во Украина
Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.
САД подготвува економски притисок врз Иран
Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека САД се подготвуваат да го засилат економскиот притисок врз Иран, велејќи дека републиканската администрација подготвува акција што ќе биде „финансиски еквивалент“ на кампањата за бомбардирање.


