Пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје – предупреди претпладнево Институтот за јавно здравје, од каде посочуваат дека покрај директните последици од огнот, изложеноста на чад може да влијае врз здравјето и на населението кое живее далеку од опожарените подрачја.
Чадот од пожарите на отворено е сложена мешавина од суспендирани честички и различни гасовити и хемиски загадувачки материи, меѓу кои јаглерод моноксид, азотни оксиди, испарливи органски соединенија и полициклични ароматични јаглеводороди.
Од особено јавно-здравствено значење се ситните суспендирани честички кои можат да навлезат длабоко во белите дробови и се поврзани со воспалителен одговор и оксидативен стрес на различни органски системи – се вели во денешното соопштение, во кое ИЈЗ ги објаснува здравствените последици.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
