Пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје – предупреди претпладнево Институтот за јавно здравје, од каде посочуваат дека покрај директните последици од огнот, изложеноста на чад може да влијае врз здравјето и на населението кое живее далеку од опожарените подрачја.

Чадот од пожарите на отворено е сложена мешавина од суспендирани честички  и различни гасовити и хемиски загадувачки материи, меѓу кои јаглерод моноксид, азотни оксиди, испарливи органски соединенија и полициклични ароматични јаглеводороди.

Од особено јавно-здравствено значење се ситните суспендирани честички кои можат да навлезат длабоко во белите дробови и се поврзани со воспалителен одговор и оксидативен стрес на различни органски системи – се вели во денешното соопштение, во кое ИЈЗ ги објаснува здравствените последици.

 

Слични новости

Случај „Талир“: Апелација ја одби жалбата на ОЈО – „Белата палата“ останува имот на ВМРО – ДПМНЕ

Случај „Талир“: Апелација ја одби жалбата на ОЈО – „Белата палата“ останува имот на ВМРО – ДПМНЕ

Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.

Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје

Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза