Информациите кои пристигнуваа од Иран укажуваат дека пресметката на властите со повеќенеделните антивладини протести веројатно беше многу посмртоносна од она што досега се соопштуваше, наведуваат голем број на западни медиуми.

Како што дознава ЦБС њуз од два извори, во насилствата настрадале најмалку 12 00 луѓе, додека според некои проценки бројката на загинатите е близу 20 000.

Точните податоци е тешко да се утврдат затоа што иранските власти последните денови воведоа целосна блокада на телефонските линии и интернетот.

Извор од Иран наведе дека активистичките групи, кои собираат податоци врз основа на медицинските извештаи на медициските установи ширум земјата, проценуваат дека бројката на загинатите е најмалку 12 000.

Ирански извори тврдат дека безбедносните сили одат по приватните болници и вршат притисок врз персоналот да достави податоци за повредените од протестите.

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати предупреди дека САД може да реагираат доколку иранскиот режим продолжи да ги убива демонстрантите и им порача на демонстрантите да продолжат со протестите со тврдење дека помошта пристигнува.

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.