Во текот на вториот ден од примирјето меѓу Израел и милитантната палестинска група Хамас, околу 50 000 луѓе се вратија во градот Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Газа која делува под надлежност на Хамас. Со тоа бројот на повратници во Газа откако од петокот е прогласено примирје е зголемен на 250 000 луѓе, пренесува Тајмс оф Израел.

Палестински извори потврдуваат дека израелските трупи се повлекуваат од поголемиот дел на територијата на Газа.

Цивилната заштита потврди дека израелските трупи и оклопните возила се повлекуваат од своите позиции што ги имаа во градовите Газа, Кан Јунис и на југ од Појасот Газа.

 

Слични новости

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во белгискиот град Лиеж ги продолжи летовите по привременото затвореање поради забележување дрон, соопшти националната служба за контрола на воздушниот сообраќај во петокот, што е втор ваков инцидент оваа седмица