Граничниот премин Евзони од денеска во 11:00 часот е затворен за сообраќај, информира АМСМ. Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот.
Граничниот премин изминативе денови постојано се затвара за сообраќај поради масовните протести на грчките земјоделци кои со трактори ги блокираат граничните премини на Грција кон соседните земји.
Според АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Слични новости
Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест
Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.
Втор починат од грип во Македонија
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.
Агенцијата за храна казни 22 маркети поради лоша хигиена и производи со поминат рок
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети


