Албанскиот пејач Азиз Мурати (48) е застреланиот со огнено оружје на влезот во селото Арачиново, во близина на Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера рано утрината во 01:50 часот, во СВР Скопје е пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесен А.М.(48) од Скопје, со повреди од огнено оружје.
Според пријавата, Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.
Според последните информации, неговата здравствена состојба е стабилна
Слични новости
Почнува исплатата на средства за клиентите на Алта Банка
Максималниот износ што граѓаните ќе можат да го подигнат е 20.000 денари во период од две недели. Исплатата ќе се одвива според однапред утврден распоред, а клиентите ќе добијат СМС-порака со точниот ден и час за подигање на средствата.
Рокас денеска ќе му го врачи извештајот на ЕК на премиерот Мицкоски
Европската комисија укажува на недостиг од напредок во усвојувањето на уставните измени, кои се услов за отворање на првиот преговарачки кластер, како и на ограничен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Обемна полициска акција во Куманово против лихвари
Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група. Групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.


