Продуцентите на спектаклот на доделувањето на наградите Оскар што ќе се одржи во недела вечер во Холивуд изјавија дека „сакаат сите да се чувствуваат безбедни и заштитени“ на церемонијата, откако ФБИ предупреди дека Иран планира да ја нападне Калифорнија со дронови.

Продуцентите Кети Мулан и Раџ Капур изјавија дека на церемонијата ќе има засилена безбедност и дека тие ја имаат поддршката од ФБИ и полицијата на Лос Анџелес.

Претходно Еј БИ Си њуз објави дека Иран подготвува напад со дронови од западниот брег на САД за време на доделувањето на Оскарите.

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст