Владата ќе побара директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, да си замине од функцијата, доколку не го повлече својот став за Ратко Младиќ, откако неговата објава на социјалните мрежи предизвика остри реакции во јавноста.
Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.
„Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува“ – соопштија од Владата.
Китановиќ не одговори дали ќе се повлече од Владата или од ставот за Младиќ.
Слични новости
Поранешниот припадник на ОВК Пушкољи уапсен во Македонија – по распитот е пуштен на слобода
Поранешниот припадни на ОВК Фадиљ Пушкољи, на Фејсбук пишува дека синоќа бил приведен во Македонија, но по распитот од полицијата е пуштен на слобода.
ВМРО ДПМНЕ: Македонија со најниски цени на горивата во регионот
Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.
ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
Системот за заштита и спасување во Македонија не располага целосно со потребната подготвеност за навремено и ефикасно справување со катастрофи, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.


