Владата ќе побара директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, да си замине од функцијата, доколку не го повлече својот став за Ратко Младиќ, откако неговата објава на социјалните мрежи предизвика остри реакции во јавноста.
Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.
„Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува“ – соопштија од Владата.
Китановиќ не одговори дали ќе се повлече од Владата или од ставот за Младиќ.
Слични новости
Пет нови потврдени случаи на западнонилска треска – вкупно 15 во моментот на Инфективна
Пет потврдени случаи од претходно сомнителните на западнонилска треска. Во моментот на Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 15 пациенти.
Тројца од нив се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на респиратор.
Македонија во портокалова тревога поради жешкото време
Управата за хидрометеоролошки работи и Институтот за јавно здравје предупредуваат дека температурите до 7 август ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени, додека високите ноќни температури ќе создаваат таканаречени „тропски ноќи“.
ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ
ВЛЕН тврди дека Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, а ДУИ го блокира. Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат.


