Преживеаните од судирот на возови во кој загинаа 57 луѓе во Грција, како и роднините на жртвите го изразија својот гнев со протест пред кривичниот суд каде денеска започна процесот. Тие ноесеа транспаренти со натпис: „Нивни профит, наши животи“, како и „Злосторство во Темпи“. Несреќата се случи во февруари 2023 година кога после ударот огнот ги остави патниците заробени во оштетените вагони.

Повеќе од 36 обвинети, сите железнички и транспортни службеници – се соочуваат со сериозни обвиненија поврзани со загрозување на јавниот превоз. Несреќата се случи во Темпи во северна Грција откако патнички воз беше поставен на погрешна пруга, на патот на товарен воз што доаѓаше од спротивната насока.

Полицијата за немири формираше кордон околу судот додека неколку стотици демонстранти се собраа надвор, а роднините на жртвите, приистигнаа да присуствуваат на рочиштата.

 

Слични новости

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.