На Граничниот премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски и царински службеници во координација со припадник на Фронтекс лишија од слобода српски државјанин поради криумчарење цигари.

Лицето управувало товарно возило „Mан“ со полуприколка со српски регистарски таблички.

При граничната контрола било утврдено дека WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола е фалсификуван.

При деталниот преглед, со помош на специјален уред – ендоскоп, во полуприколката бил пронајден скриен бункер со вкупно 5.050 штеки цигари, од кои 800 штеки обични и 4.250 штеки електронски цигари.

 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.