Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска минатата година беа меѓу земјите со најголем раст на платите во светот, покажуваат најновите податоци на меѓународните економски анализи.

Во октомври 2025 во однос на октомври 2024 во Босна и Херцеговина е забелеќан раст на платите од 16,2 насто, во Србија 12,3, а во Хрватска 9,7 проценти.

Во Македонија е остварен раст на платите од 9 насто, во Словенија од 7,69 насто, со што земјите од Западен Балкан, според податоците на Трејдинг економикс убедливо ги надминаа развиените економии, вклучувајќи ги и САД каде што растот на платите изнесуваше 5 насто.

Причините за големиот раст на платите во регионот се голем пораст на минималните плати, недостиг од работна сила, инфлаторни притисоци и обид на работодавачите да ги задржат работниците, како и администравните одлуки на владите.

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.