Осум лица загинаа во три одвоени лавини во Австрија, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во покраината Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба. Четворица членови на скијачка група се пронајдени мртви, додека неколку други лица се тешко повредени.

Загина и жена во лавина во областа Бад Хофгаштајн. Националностите и возраста на загинатите и повредените во тие два случаи сè уште се непознати.

Трета несреќа со лавина се случи во Пустервалд во покраината Штаерска. Според полициски извештај, седум чешки скијачи се движеле во таа област кога лавината се активирала. Тројца од нив загинале, објави полицијата.

 

Слични новости

Хагсет: Разузнавачката соработка меѓу Иран и Русија ќе биде строго санкционирана

Хагсет: Разузнавачката соработка меѓу Иран и Русија ќе биде строго санкционирана

Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека сите „неприфатливи акции“, вклучувајќи ја наводната помош на Русија до Иран во разузнавачки податоци за позициите на американските сили на Блискиот исток ќе биде „строго санкционирана“.