Од Нова година престанаа со емитување 24 часовните музички канали на MTV, означувајќи крај на една ера која ја обликуваше поп културата повеќе од четири децении.

Музичките канали со седиште во Велика Британија MTV Music, MTV 80s, MTV90s, Club MTV I MTV Live, престанаа со емитување.  MTV Music се одјави со песната „Video Killed the Radio Star“ на бендот The Buggles, кој беше првиот спот било кога емитуван на MTV.

Одлуката беше донесена поради намалувањето на трошоците на Paramount Skydance, кој претходно ги имаше откупено музичките канали.

MTV од 1981 го редефинираше начинот на кој се пласира и конзумира музиката и со години беше трендсетер.

 

Слични новости