Министерството за надворешни работи информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток, кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.

Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани.

Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата. Со реализацијата на овие летови, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605.

Слични новости

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.