Гитаристот на рок бендот Кис Ејс Фрејли починал од повреди на главата предизвикани од несреќен пад
Оригиналниот водечки гитарист и еден од оснивачите на легендарниот рок бенд Кис Ејс Фрејли починал од удар во пределот на главата, откри аутопсијата на гитаристот. Тој почина дома на 16 октомври опкружен од семејството во Мористон Њу Џерси, неколку недели по несреќниот пад, откри неговиот агент.
Папата Лео ги откри неговите 4 најомилени филмови пред Самитот Холивуд-Ватикан
Папата Лео 14 кој е роден во Чикаго и е првиот Американец што стана поглавар на Римокатоличката црква, во недела ќе има специјална аудиенција на А листа филмски уметници кои го претставуваат Холивуд.
Слики од Боб Рос продадени за 600.000 долари
Три оригинални слики од култниот американски тв-уметник Боб Рос се продадени за повеќе од 600.000 долари на аукција во Bonhams во Лос Анџелес во вторникот, а сите приходи одат за поддршка на јавните радиодифузери низ САД кои се силно погодени од намаленото владино финансирање
Фонтаните од лава на Хималаите достигнаа височина од 330 метри
Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава и до 330 метри во височина. Ерупцијата на вулканот траеле пет часа, а геолозите сметаат дека е продолжение на серијата ерупции на вулканот кои почнаа на 23 декември 2024.
Раперот Шон Диди Комбс се лекува од дрога во федералниот затвор „Форт Дикс“
Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ја отслужува затворската казна во федералниот затвор „Форт Дикс“ каде што работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога
Во САД викендов премиерата на филмот „Нирнберг“ со Расел Кроу кој е еден од фаворитите за Оскар
Викендов во САД се емитуваше премиерата на филмот „Нирнберг“ на режисерот Џејмс Вандербилт со Расел Кроу, Мајкл Шенон и Реми Малик во главните улоги. Критичарите смеаат дека филмот на Сони ќе биде еден од главните фаворити на годинашното доделување на Златните глобуси и Оскарите.
Џенифер Лоренс призна дека има таен профил на тик-ток преку кој води дискусии
Холивудската ѕвезда, актерката Џенифер Лоренс изјави дека има „таен живот“, наведувајќи дека на социјалната мрежа тик-ток има таен профил од кој се впушта во коментирање и дискусии со другите корисници на оваа социјална мрежа.
УНЕСКО препорача италијанската кујна да влезе во списокот на светското културно наследство
Доколку политичкиот комитет ја потврди техничката оценка и препораката таа да биде ставена на листата на светското нематеријално наследство, италијанската кујна ќе биде првата во светот која добила вакво признание
Берлин ќе има милион дрвја до 2040.
Откако владата оваа седмица со големо мнозинство го усвои законот за прилагодување кон климатските промени, стотици илјади дополнителни дрвја ќе бидат засадени во Берлин во следните 15 години
Ламар со девет номинации за Греми, го следи Лејди Гага
Раперот Кендрик Ламар ја предводи листата со номинации за престижната музичка награда Греми втора година по ред со дури девет номинации, по него следува Лејди Гага со седум
Трамп сака новиот стадион во Вашингтон да го носи неговото име
Спортскиот телевизиски канал ESPN објави во саботата дека претседателот Доналд Трамп би сакал новиот стадион на тимот од НФЛ лигата Вашингтон Командерс да го носи неговото име
Фирентинскиот дијамант завршил во рацете на Хабсбурзите
Во приватната царска колекција се наоѓа и прочуениот фирентински жолт дијамант, кој некогаш беше еден од најголемите полирани скапоценсти на светот, некогашна сопственост на големиот војвода Тоскана во Фиренци, поради што е наречен фирентински дијамант.











