Исклучително успешниот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ во средата поднесе неотповиклива оставка од функцијата тренер на белградски Партизан.

Шеесет ипетгодишниот Обрадовиќ го напушти белградскиот тим по четири ипол години работа, а причината беа лошите резултати оваа сезона, пред сè во Евролигата. Моментално Партизан има скор од 4-9 во најсилното континентално клупско натпреварување, но и седум порази во последните осум настапи. Најновиот се случи во вторникот во Атина, каде што Партизан беше поразен од Панатинаикос со убедливи 69:91.

 

„Дојде моментот кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да го напуштам клубот“, рече Обрадовиќ, кој го освои Европското првенство со Партизан во претходниот мандат во 1992 година.

Последните години Обрадовиќ двапати ја освои регионалната АБА лига со Партизан, а во сезоната 2022/23 играше во четвртфиналето на Евролигата, каде што беше елиминиран од подоцнешниот првак Реал Мадрид.

Во исклучително успешната тренерска кариера, Обрадовиќ девет пати ја освои Евролигата со пет различни клуба.

globe

Слични новости

Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија

Данска-Македонија 36:24, клучните натпревари против Португалија и Романија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија.