Бројот на убиените од жестокиот ракетен руски напад на Киев е зголемен на 18 луѓе, додека најмалку 90 се ранети, пренесе денеска Укринформ. Претходно украинската премиерка Јулија Свириденко соопшти дека во нападот биле погодени повеќе од 20 станбени згарди, а дека од гранатирањето биле оштетени и околу 100 куќи.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека Русија за време на нападот употребила речиси 500 дронови и повеќе од 70 балистички ракети. Украинската противвоздушна одбрана извести дека соборила 48 руски ракети и 476 дронови.

Спасителите работат на повеќе од 20 локации во потрага по исчезнатите.

 

Слични новости

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи

Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.