На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа декларација, со која се бара од Бугарија, формално да се извини за сите злосторства кои ги има нанесено врз македонското малцинство, за време на комунистичкото владеење. Ова на својот фејсбук профил го објави  македонска национална политичка организација во Република Бугарија „ОМО Илинден“.

Во декларацијата се нагласува дека се неопходни концентрирани напори за истакнување на сериозната ситуација со човековите права на македонското малцинство во Бугарија, конкретно адресирајќи го одбивањето на државата да спроведе над 14 решение на Судот за човекови права кои се однесуваат на регистрацијата на македонските организации, како и говорот на омраза кој тие го поднесуваат.

Се бара и од ЕУ да ја повика Бугарија на одговорност за нејзините правни обврски како земја-членка на ЕУ, особено во врска со обврските за човековите и малцинските права кои Бугарија постојано не успева да ги исполни.

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.