Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за новите санкции против Русија, вклучително и ставање на црната листа на 40 танкери за кои се тврди дека превезуваат руска нафта, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас.
„Денес ќе донесеме одлуки во врска со бродовите на „флотата во сенка“. Имаме четириесет дополнителни бродови, изјави таа за новинарите по пристигнувањето на закажаниот министерски состанок на ЕУ, додавајќи дека овој потег има за цел ограничување на руските ресурси.
Ова е првпат од почетокот на специјалната воена операција ЕУ да ја прошири својата црна листа против Русија без да чека усвојување на нов голем пакет санкции.
„Флота во сенка“ е поим што се користи за мрежа од бродови што тајно или полулегално превезуваат стоки, најчесто нафта и нафтени деривати, со цел да се заобиколат меѓународни санкции, контроли и правила.
Слични новости
Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн
Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Обидот на Трамп да го присвои Гренланд ги сврте Ервопјаните против него
Најновата анкета што ја спроведе YouGov во данска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија покажа дека Европјаните се свртеа против...
Атентат врз руски генерал во Москва
Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.


