Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Еврокомесарот за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Брисел ќе продолжи да ја следи состојбата со залихите на гориво и рафинериските капацитети, ќе ја координира испораката и, доколку е потребно, ќе изврши прераспределба на горивото меѓу земјите членки – слично на механизмите користени за време на пандемијата при распределбата на вакцини.
„Се движиме од криза на високи цени кон криза на снабдување. Тоа најпрво ќе се почувствува кај авионското гориво и се приближуваме до тоа многу брзо“, изјави Јоргенсен за Financial Times.
Според него, мерките може да вклучат поделба, односно прераспределба на авионското гориво меѓу членките на ЕУ.
Слични новости
Светска банка предупредува на раст на цените на енергенсите и нов притисок врз инфлацијата
Светска банка во најновиот извештај предупредува дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика значителен раст на цените на енергенсите, кои во 2026 година би можеле да пораснат за околу 24 отсто.
Нафтата и натаму над 110 долари за барел
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Емиратите ја напуштаат ОПЕК
Набљудувачите ја опишуваат одлуката на Емиратите како тежок удар за ОПЕК, а особено за фактичкиот лидер на групата извозници на нафта, Саудиска Арабија.


