Европската унија подготвува санкции против американските компании поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анктира Гренланд, пренесе „Сандеј телеграф“ повикувајќи се на добро упатени извори.
Весникот пишува дека на американските технолошки гиганти како Мета, Гугл, Мајкрософт и Икс би можело да им биде ограничено работењето на европскиот континент, како и на американските банки и финансиски компании.
Весникот истакнува дека поекстремна опција би била и ислеување на американската војска од нејзините бази во Европа, со што би и се ускратило клучно место за операциите на Блискиот исток.
Американскиот претседател Трамп , пак, се закани дека ќе и воведе на Данска високи царини ако не се откаже од Гренланд, но данската премиерка Мете Фредерискен ги отфли амбициите на Трамп.
Слични новости
Русија заработи 6 милијарди долари од двете недели војна во Иран
Русија заработи дополнителни 6 милијарди евра за две недели борби меѓу САД и Иран, покажа анализа од 12 март на Центарот за истражување на енергијата.
САД привремено дозволија да се купува руска нафта
Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
Европските берзи и денеска во пад
Европските берзи и денеска бележат главно негативни резултати, пред се како последица на војната на Блискиот исток.


