Лидерите на 27 држави членки на ЕУ синоќа едногласно решија да и го продолжат санкциите на Русија за уште една година, соопшти портпаролот на Европскиот совет. Одлуката донесена на самитот на ЕУ во Брисел би требало да обезбеди поголема предвидливост на европската политика на санкции, коментираат бриселските медиуми.
ЕУ до сега и ги продолжуваше санкциите главно на секои шест месеци, што на одредени членки им овозможуваше со закана за вето да издејствуваат за себе политички отстапки или други погодности.
Едногодишното продолжување се однесува на секторските санкции кои и се воведени на Русија поради војната во Украина, но не ја опфаќа листата на поединци и правни лица.
Слични новости
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.


