Над 20 милиони евра до сега чини струјата која ЕСМ ја набави само за ноември и декември. Иако, уште во јули компанијата обезбеди електрична енергија за овие два месеци во вредност од 15 милиони евра, деновиве преку нов повик повторно за декември беа набавени дополнителни над 50 илјади мегавати за кои треба да се плати над 6 милиони евра, пари кои ќе одат во касата на три компании трговци со струја.

Кога во текот на летото се направи набавката на струја за ноември и декември цената за мегават се движење од 115 до 117 евра. Тогаш од ЕСМ соопштија дека направиле ваков потег за да се обезбеди енергија по поповолни цени од оние кои ќе бидат во тој период, а сумата ќе ја платат кога ќе почнат да ја трошат струјата.

Лани за набавка на струја ЕСМ потроши околу 100 милиони евра. 

 

Слични новости

Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“

Ѓорѓиевски побара истрага поради нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира собирањето на сметот за Ѓорѓиевски да прави пиар

Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, велат опозиционерите од СДСМ, коментирајќи ја 72-часовната акција на Ѓорѓиевски за чистење на главниот град