Најголемиот производител на струја, ЕСМ подигна нов кредит од околу 60 милиони евра од три домашни банки. Рокот за враќање на кредитот е 10 години. Кредитот, со грејс период од две години, е веќе одобрен на „Електрани“.
За една година, ова е трет кредит кој од домашните банки го зема државната ЕСМ. Претходно беше подигнат заем од околу 110 милиони евра.
Инаку состојбата во „Електрани’“ веќе извесен период не е добра и заклучно со септември, компанијата има загуба од над 90 милиони евра. За домаќинствата и малите потрошувачи ЕСМ ја продава струјата за 65 евра. Производната на ЕСМ, пак надминува 100 евра.
Слични новости
Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест
Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.
Втор починат од грип во Македонија
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.
Агенцијата за храна казни 22 маркети поради лоша хигиена и производи со поминат рок
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети


