Протестите во градовите низ Иран продолжија и покрај ригорозните мерки на властите поради се посилното протестно движење, за што сведочат и видео снимки, иако телефонските врски и интернетот во Иран се во прекин, пренесува Гардијан.

Државната телевизија пренесе дека протестите во Техеран продолжија и денеска. Демонстрантите извикуваа „Смрт за Хамнеи“ и „Да живее шахот“, а за време на демонстрациите запалија и една џамија.

Здравствените работници во три болници во Иран денеска изјавија дека нивните објекти се преплавени со мртви или повредени пациенти од големите антивладини протести во земјата, додека според проценката на организациите за човекови права во изминатите две недели во Иран се убиени најмалку 116 луѓе.

Слични новости

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција го истражува поранешниот премиер Јагланд за врските со Епштајн

Норвешката полиција во четвртокот соопшти дека отворила истрага за „отежната корупција“ против поранешниот премиер Торбјорн Јагланд поради неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Атентат врз руски генерал во Москва

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.