Иран е во „егзистенцијална војна со Америка“ изјави портпаролот на Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент Хасан Гашгави и потврди дека Техеран ги гаѓал американските воени бродови со балистички ракети.

Тој рече дека меморандумот за разбирање што го потпишаа Техеран и Вашингтон сега веќе не постои и дека САД ги прекршила сите меѓународни закони со нападите врз ирански трговски бродови и танкери.

Претходно американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет предупреди дека секој ирански напад врз американски воени бродови ќе резултира со уништување на иранската воена флота и нафтени танкери. Хегсет рече дека иранската флота по американските напади е тотално незаштитена.

 

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.