Фудбалерите на Норвешка го победија Сенегал со резултат 3:2, со што се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство во фудбал. Норвешка поведе со 2:0 со головите на Педересен и Халанд.  

Исмаил Сар во 53-тата минута намали на 2:1, а потоа Халанд со втор гол ја доведе Норвешка повторно до предност од два гола разлика.  Исмаил Сар во судиското надополнување го ублажи поразот на Сенегал на 3:2. Ерлинга Халанд досега на два натпревари постигна четири голови

Во групата И Франција и Норвешка имаат по две победи и по 6 бодови и обезбедија пласман во нокаут фазата, а Сенегал и Ирак по два натпревари немаат освоено ниту бод. Во последното коло дуелот Норвешка-Франција ќе одлучува за првото место во групата.

Слични новости