Платформата за краткорочно изнајмување „Ербиенби“ воведува нов модел на наплата според кој трошокот за провизија ќе се зголеми за домаќините.

Наместо досегашниот модел, според кој сопствениците плаќаа околу 3 насто провизија, новиот систем предвидува провизија за домаќините од 15,5 насто.

Со новиот систем гостите при резервирањето ќе ја гледаат конечната цена без дополнителни трошоци, а домаќините ќе треба да го преземат целиот износ на провизијата.

Ербиенби им препорача на сопствениците да ги коригираат нивните цени, за да го задржат досегашниот приход.

Слични новости

Трамп ја најави најразурнувачката економска операција против Иран

Трамп ја најави најразурнувачката економска операција против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова, многу поостра фаза на економски притисок врз Иран која ја нарече „економски ден Д“, предупредувајќи дека ќе се соочат со сериозни последици сите држави, банки и компании кои ќе продолжат да одржуваат финансиски врски со Иран.