Американскиот тенисер Френсис Тијафо избори пласман во полуфиналето на УС опенот, откако на спектакуларен начин во четвртфиналето го победи сонародникот Алекс Микелсен со 3:2 во сетови.

Микелсен поведе со 2:0 во сетови, а во третиот сет при резултат 5:4 сервираше за меч, но Тијафо направи брејк и потоа го доби сетот со 7:5.

Во клучниот петти сет Микелсен имаше водство од 3:0 во гемови, но Тијафо и тоа го неутрализираше и на крајот победи со 10:6 во тај брејкот во решавачкиот петти сет.

Во полуфиналето Тијафо ќе игра со победникот од мечот Алкараз-Шелтон.

Слични новости

Јокиќ го впиша 201-от трипл-дабл во кариерата во убедливата победа на Денвер против Торонто

Јокиќ го впиша 201-от трипл-дабл во кариерата во убедливата победа на Денвер против Торонто

Јокиќ играше само три четвртини од натпреварот додека Денвер се одлепи на безбедна разлика, а за помалку од 30 минути на теренот го оствари третиот трипл-дабл сезонава и 201-от во кариерата.

Вембенјама постигна 52 коша и 24 скока за Сан Антонио во победата врз Далас

Вембенјама постигна 52 коша и 24 скока за Сан Антонио во победата врз Далас

Во победничкиот тим блескава партија имаше Виктор Вембенјама кој го постигна рекордот на својата кариера со 52 поени, 24 скока и 8 блокади. Французинот стана првиот кошаркар во историјата на Сан Антонио кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 кошеви и 20 скокови.