Шпанскиот тренер Енцо Мареска и официјално е нов тренер на Манчестер сити, откако од клубот по 10 години на клупата си замина Пеп Гвардиола. Мареска потпиша договор со Манчестер сити до 2029 година.

„Манчестер сити е клуб што го познавам многу добро и да се има шанса да се води овој клуб е брилијантна прилика за мене. Ова е трет пат како сум во овој клуб и знам што се бара од мене“ изјави Мареска.

Мареска зборуваше и за причините зошто го напушти Челси среде сезоната. Тој рече дека одлуката била само негова, затоа што му отварала шанса да работи во Манчестер сити. Тој се извини за сите потреси што ги предизвика неговото заминување од Челси.

Слични новости

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Патсон Дака нов играч на Хамбург

Досегашниот фудбалер на Лестер Патсон Дака од денеска е нов фудбалер на германскиот бундеслигашки клуб Хамург, соопшти германскиот клуб. Замбиецот Дака кој има 27 години, претходните пет сеозни играше за британскиот клуб Лестер.