Италијанскиот фудбалски стручњак Енцо Мареска веќе не е тренер на Челси, соопшти денеска лондонскиот клуб.

Мареска го презеде Челси во јуни 2024 и со клубот ги освои Лигата на конференции и Светското клупско првенство.

Мареска во последно време имаше несогласувања со управата на Челси, а сето тоа кулминираше по резултатската криза и само една победа во седум мечеви од Премиер лигата.

Засега не се спомнува кој ќе го наследи Мареска на тренерската клупа на Челси.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено