Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе на 1 мај ги напуштаат организациите на земјите извознички на нафта ОПЕК и ОПЕК+. И тоа во време кога светот, поради војната на САД и Израел против Иран е среде тешка енергетска криза, а светската економија е разнишана.
Според соопштението за печатот на државната новинска агенција ВAM, одлуката била темелно разгледана од страна на властите во Емиратите, при што особено биле земени предвид постојаните „нарушувања во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец.
„Оваа одлука ја одразува долгорочната стратешка и економска визија на ОАЕ и промената во енергетскиот профил на земјата“.
Набљудувачите ја опишуваат одлуката на Емиратите како тежок удар за ОПЕК, а особено за фактичкиот лидер на групата извозници на нафта, Саудиска Арабија.
Тоа покажува дека Емиратите не се задоволни од водството на ОПЕК. Тоа е порака до Саудиска Арабија и показател за состојбата на односите меѓу Саудиска Арабија и Емиратите, без разлика дали на политичко или на економско ниво кога станува збор за енергетски прашања.
Во иднина кога извозот на нафтата ќе се нормализира, ОАЕ би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот без ограничувања.
Вашингтон одлуката ја интерпретира како успех на претседателот на Трамп кој повеќе пати ја критикуваше ОПЕК дека вештачки ја зголемува цената на нафтата.
Емиратите се сметаат за блиски сојузници на САД и се потписнички на Аврамските договори, со кои ги нормализираа односите со Израел.
Слични новости
Зеленски го одби предлогот на Мерц: Украина не сака во ЕУ без право на глас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на придружна членка на ЕУ, порачувајќи дека Киев не прифаќа ограничен формат без право на глас.
ЕУ и Мексико потпишаа нов трговски договор за намалување на царините
Мексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп
Унгарската влада донесе одлука за забрана на увоз на украински земјоделски производи
Унгарската влада одлучи да забрани увоз на украински земјоделски производи, објави премиерот Петер Маѓар на својот профил на „Икс“ платформата. Забраната се однесува на житарки, месо, јајца и други земјоделски производи, а беше воведена за заштита на домашните земјоделци.


