Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе на 1 мај ги напуштаат организациите на земјите извознички на нафта ОПЕК и ОПЕК+. И тоа во време кога светот, поради војната на САД и Израел против Иран е среде тешка енергетска криза, а светската економија е разнишана.

Според соопштението за печатот на државната новинска агенција ВAM, одлуката била темелно разгледана од страна на властите во Емиратите, при што особено биле земени предвид постојаните „нарушувања во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец.

 „Оваа одлука ја одразува долгорочната стратешка и економска визија на ОАЕ и промената во енергетскиот профил на земјата“.

Набљудувачите ја опишуваат одлуката на Емиратите како тежок удар за ОПЕК, а особено за фактичкиот лидер на групата извозници на нафта, Саудиска Арабија. 

Тоа покажува дека Емиратите не се задоволни од водството на ОПЕК. Тоа е порака до Саудиска Арабија и показател за состојбата на односите меѓу Саудиска Арабија и Емиратите, без разлика дали на политичко или на економско ниво кога станува збор за енергетски прашања.

Во иднина кога извозот на нафтата ќе се нормализира, ОАЕ би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот без ограничувања.

Вашингтон одлуката ја интерпретира како успех на претседателот на Трамп кој повеќе пати ја критикуваше ОПЕК дека вештачки ја зголемува цената на нафтата.

Емиратите се сметаат за блиски сојузници на САД и се потписнички на Аврамските договори, со кои ги нормализираа односите со Израел.

Слични новости

Нови американски напади врз Иран

Нови американски напади врз Иран

САД извршија нови воздушни напади врз воена локација во иранскиот град Бандар Абас, стратешко пристаниште во близина на Ормутскиот Теснец.
Според американската Централна команда, целта била уништена непосредно пред да биде лансиран дрон, а американските сили собориле уште четири ирански беспилотни летала кои претставувале закана во регионот.