Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе на 1 мај ги напуштаат организациите на земјите извознички на нафта ОПЕК и ОПЕК+. И тоа во време кога светот, поради војната на САД и Израел против Иран е среде тешка енергетска криза, а светската економија е разнишана.
Според соопштението за печатот на државната новинска агенција ВAM, одлуката била темелно разгледана од страна на властите во Емиратите, при што особено биле земени предвид постојаните „нарушувања во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец.
„Оваа одлука ја одразува долгорочната стратешка и економска визија на ОАЕ и промената во енергетскиот профил на земјата“.
Набљудувачите ја опишуваат одлуката на Емиратите како тежок удар за ОПЕК, а особено за фактичкиот лидер на групата извозници на нафта, Саудиска Арабија.
Тоа покажува дека Емиратите не се задоволни од водството на ОПЕК. Тоа е порака до Саудиска Арабија и показател за состојбата на односите меѓу Саудиска Арабија и Емиратите, без разлика дали на политичко или на економско ниво кога станува збор за енергетски прашања.
Во иднина кога извозот на нафтата ќе се нормализира, ОАЕ би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот без ограничувања.
Вашингтон одлуката ја интерпретира како успех на претседателот на Трамп кој повеќе пати ја критикуваше ОПЕК дека вештачки ја зголемува цената на нафтата.
Емиратите се сметаат за блиски сојузници на САД и се потписнички на Аврамските договори, со кои ги нормализираа односите со Израел.
Слични новости
Трамп ја поздрави одлуката на ОАЕ за излез од ОПЕК
Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Обединетите Арапски Емирати да ја напушти ОПЕК, оценувајќи дека тоа може да помогне во намалување на цените на нафтата и горивата.
Македонија падна три места во Индексот за слобода на медиумите
Македонија е со пад од 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата со медиумите е „проблематична“.
Цената на нафтата денеска се искачи на 126 долари за барел
Брент нафтата порасна за речиси 7%, надминувајќи 126 долари за барел, додека американската WTI нафта достигна околу 109 долари.
Растот на цените доаѓа во време кога клучниот Ормуски теснец останува практично затворен, што сериозно ги нарушува глобалните испораки на енергенси.


