Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) веќе на 1 мај ги напуштаат организациите на земјите извознички на нафта ОПЕК и ОПЕК+. И тоа во време кога светот, поради војната на САД и Израел против Иран е среде тешка енергетска криза, а светската економија е разнишана.

Според соопштението за печатот на државната новинска агенција ВAM, одлуката била темелно разгледана од страна на властите во Емиратите, при што особено биле земени предвид постојаните „нарушувања во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец.

 „Оваа одлука ја одразува долгорочната стратешка и економска визија на ОАЕ и промената во енергетскиот профил на земјата“.

Набљудувачите ја опишуваат одлуката на Емиратите како тежок удар за ОПЕК, а особено за фактичкиот лидер на групата извозници на нафта, Саудиска Арабија. 

Тоа покажува дека Емиратите не се задоволни од водството на ОПЕК. Тоа е порака до Саудиска Арабија и показател за состојбата на односите меѓу Саудиска Арабија и Емиратите, без разлика дали на политичко или на економско ниво кога станува збор за енергетски прашања.

Во иднина кога извозот на нафтата ќе се нормализира, ОАЕ би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот без ограничувања.

Вашингтон одлуката ја интерпретира како успех на претседателот на Трамп кој повеќе пати ја критикуваше ОПЕК дека вештачки ја зголемува цената на нафтата.

Емиратите се сметаат за блиски сојузници на САД и се потписнички на Аврамските договори, со кои ги нормализираа односите со Израел.

Слични новости

Пентагон подготви планови за можни нови напади врз Иран

Пентагон подготви планови за можни нови напади врз Иран

Њујорк тајмс пишува дека една од опциите е дополнително бомбардирање на иранските воени и инфрасtруктурни цели, додека втората опција предвидува испrа’ање на специјални единици за преземање на контролата врз нуклеарниот материјал во пострoјката Исхафан.

Нов поредок во автомобилската индустрија, Европа забавува, Кина во петта брзина

Нов поредок во автомобилската индустрија, Европа забавува, Кина во петта брзина

Глобалната автомобилска индустрија минува низ историско престројување додерка европските произведувачи соочени со пад на продажбата и вишок капацитети ги затвараат или распродаваат своите погони.