Килијан Мбапе синоќа постигна нов гол за Реал Мадрид на средбата против Интер, во првото коло од елитното европско клупско натпреварување. Тоа беше 71-от гол на Мбапе во Лигата на  шапиони, со што се изедначи на петтото место на вечната листа со некогашната легенда на Реал Мадрид Раул Гонзалес.

Прв на вечната листа е Кристијано Роналдо со 141 гол. Втор е Лионел Меси со 129 голови.

На третото место е Роберт Левандовски со 109 голови во Лигата на шампионите, а четврти е Карим Бензема со 90.

Кон врвот брзо се приближува и Ерлинг Халанд кој синоќа постигна два гола за Манчестер сити во дуелот против Порто и стигна до бројката од 59 голови.

Слични новости

Интер повторно на челната позиција во Серија А, неочекувани порази на Милан и Јувентус

Интер повторно на челната позиција во Серија А, неочекувани порази на Милан и Јувентус

Најнепријатно изненадување приреди Милан кој го забележа првиот пораз сезонава на домашен терен против Болоња со 2:4. Јувентус синоќа загуби од Џенова со 2:0 и го забележа вториот пораз во последните три кола

Четвртолигашот Флитвуд направи сензација и го елиминираше шампионот Арсенал во 1/8 финалето од купот на Англија

Четвртолигашот Флитвуд направи сензација и го елиминираше шампионот Арсенал во 1/8 финалето од купот на Англија

Фудбалерите на четвртолигашот Флитвуд го елиминираа англискиотшампион Арсенал во 1/8 финалето на англискиот куп, откако одиграа 1:1 во регуларниот тек на натпреварот, а беа подобри во изведувањето на пеналите.