И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европјани се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди Одделот на Светската здравствена организација за Европскиот регион, пренесе Јуроњуз.

Според новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка на тутун.

Употребата на тутун веќе предизвикува повеќе од 1,1 милиони смртни случаи од незаразни болести секоја година во европскиот регион, и без забрзана акција во 2030 година ќе бидеме регион во светот со најлош резултат – рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Во 2024 година, околу 173 милиони луѓе во европскиот регион на СЗО биле корисници на тутун.

За СЗО најитен предизвик е сузбивањето на порастот на користењето електронски цигари бидејќи ги користат 14,3 отсто од децата на возраст од 13 до 15 години, при што стапката е речиси идентична кај момчињата и девојчињата.

Меѓу возрасните, Европа со околу 31,4 милиони корисници е втора во светот по употреба на електронски цигари, веднаш зад Северна и Јужна Америка.

 

Слични новости

Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел

Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел

Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.

Златото повторно урива рекорди

Златото повторно урива рекорди

Според најновите податоци на берзите, цената на златото достигна 4.594 евра за една унца, или 147 евра за еден грам 24 каратно злато.