Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот.
Портпаролот на Еврокомисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт во врска со протестите и блокадите на границите од страна на балканските превозници, изјави дека Комисијата е свесна за нивните проблеми и работи на нивно надминување во рамки на подготовките на Стратегијата за визи.
„Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во шенген-зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците.
Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Статегија за визите, што ќе ја објавиме оваа недела“, изјави Ламерт.
Според најавите, Стратегијата ќе опфаќа упатствата на ниво на целиот блок, кои се дизајнирани да ја зајакнат конкурентноста, но воедно и безбедноста на ЕУ.
Со документот ќе се предвидуваат и „економски визи“, кои би биле повеќекратни и со рок на важење подолг од пет години, во обид за поттикнување на економскиот раст.
Стратегијата ќе предвидува и рестриктивни мерки насочени против „непријателски настроени трети земји“, како и построг мониторинг на постојните безвизни режими.
Слични новости
Европските лидери повикаа на отворање на Ормутскиот Теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
Лидерите на ЕУ повикаа на повторно отворање на Ормутскиот Теснец и мораториум на нападите врз водоводната и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток.
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.


