Во синагогата во белгискиот град Лиеж рано утринава се случи експлозија во која нема повредени. Белгиските медиуми пренесуваат дека е причинета материјана штета врз синагогата.
Од експлозијата биле искршени и прозорците во згардите спроти синагогата.
Улицата во која се наоѓа синагогата е затворена поради истрага, а воспоставена е и безбеносна зона во близина на синагогата.
Градоначалникот на Лиеж го осуди како што кажа „насилниот чин на антисемитизам“ и рече дека е „неприфатливо во Белгија да се увезуваат надворешни конфликти“.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
