Блокадата на федералната влада ја чини американската економија 11 милијарди долари
Четириесет итридневното „затворање’ на федералната влада нанесе траен удар од 11 милијарди долари на американската економија, изјави министерот за финансии Скот Бесент, но изрази оптимизам за следната година бидејќи каматните стапки и даноците се намалуваат
Кина и нуди на Германија поблиски врски во стратегиските индустрии
Кина изразила подготвеност да соработува со Германија за да се искористат развојни можности во области како што се нова енергија, смарт производство, биомедицина, технологија на хидрогенска енергија и автоматско возење
Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите
Раст на европските и на азиските берзи
Европските берзи бележат раст во претпладневното тргување во понеделникот по остриот пад минатата седмица, бидејќи инвеститорите се надеваат дека американската централна банка повторно ќе ги намали каматните стапки оваа година
Доларот благо ослабе, цените на нафтата стагнираат
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна во раното претпладневно тргување во понеделникот, по минатонеделниот раст од 0,9 отсто
Доларот зајакна во однос на кошничка валути за речиси еден отсто
На светските валутни пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути се зголеми за речиси еден отсто минатата седмица, по двете седмици пад, достигнувајќи го највисокото ниво за пет и пол месеци
Берзите под притисок на технолошкиот сектор
Светстките берзи доживеаја остар пад минатата седмица, бидејќи технолошкиот сектор се најде под нов притисок поради стравувањата дека цените на неговите акции се превисоки по силниот пораст во последните години
Холандски „APM Terminals“ инвестира 550 милиони долари во пристаниште во Перу
Холандската компанија за управување со пристаништа „APM Terminals“ планира инвестиција од 550 милиони долари во проширување на перуанското пристаниште Каљао
Биткоинот падна за дури 8,16 насто на 73 000 евра
Вредноста на биткоинот на најголемата светска берза на криптовалути Бајненс падна за цели 8,16 насто и сега изнесува 73 000 евра, што е најмал износ во последните седум месеци.
Работниците на Зара од седум европски земји најавија штрајк на Црниот петок
Работниците на шпанската модна компанија Зара од седум европски земји најавија протести за Црниот петок, кој годинава се паѓа на 28 ноември. Штрајковите ќе бидат одржани со собирање на вработените пред најголемите продавници на Зара во европските метрополи.
Нафтата поевтини кон 62 долари
Цените на нафтата паднаа на 62 долари во петокот на меѓународните пазари, одразувајќи ги шпекулациите на инвеститорите дека мировниот план на САД за Украина би можел да го отвори патот за олеснување на испораките на руската нафта
Производителот на камиони MAN ќе затвори 2.300 работни места
Производителот на камиони и автобуси MAN објави дека планира да затвори околу 2.300 работни места во својата матична земја Германија во текот на следната деценија











