Мајкрософт вложува 10 милијарди долари во развој на центар за податоци во Португалија
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт денеска соопшти дека ќе вложи 10 милијарди долари во развој на центар за податоци на брегот на Португалија во градот Синес кој се наоѓа на околу 150 километри од главниот град Лисабон.
Биткоинот падна на ниво под 90 000 евра
Вредноста на криптовалутата биткоин на најголемата светска берза на криптовалути Бајненс денеска во 15 часот падна за 2 насто и изнесуваше под 90 000 евра.
Бугарија има залихи на бензин за повеќе од еден месец
Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а на дизел горивата и за повеќе од 50 дена изјави претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи Асен Асенов.
Значително влошување на атмосферата во германската хемиска индустрија
Расположението во германската хемиска индустрија остро се влоши во октомври, што одразува послаби деловни активности и полоши прогнози за наредните месеци
Европските берзи растат
Европските берзи значително пораснаа во понеделник наутро, бидејќи најдолгото досега затворање на федералната влада би можело наскоро да заврши, бидејќи на повидок е договор во Конгресот за финансирање на услугите
Доларот зајакна, нафтата поскапе
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се зголеми во понеделникот утрото
Во вториот квартал впишани 2.876 хипотеки врз недвижности
Во периодот април – јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава
По две седмици раст, доларот ослабе во однос на кошничката со валути
На светските валутни пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничката со валути падна минатата седмица, по двете седмици раст, бидејќи неизвесноста на глобалните финансиски пазари ги поттикна инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за капиталот
Светските берзи паднаа поради притисокот врз технолошкиот сектор
Цените на акциите на глобалните берзи значително паднаа минатата седмица, а технолошкиот сектор беше под најголем притисок, бидејќи инвеститорите стравуваат дека цените во тој сектор се превисоки по силниот раст последните месеци
Цените на храната паднаа и во октомври
Цените на храната повторно паднаа во октомври, втор месец со ред, што одразува значително поевтино млеко и месо благодарение на обилната понуда, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на ОН (FAO)
Европските акции во пад: Загубите во секторот на вештачката интелигенција вршат притисок врз берзите
Акциите на европските берзи повторно завршија во минус, со што го продолжија падот од претходниот ден заснован на загубите на компаниите од секторот на вештачката интелигенција.
САД и дадоа на Унгарија едногодишен исклучок од санкциите за руските енергенси
Трамп ја оправда одлуката бидејќи, како што рече, на Орбан му е многу тешко да најде нафта и гас од други извори. Тие немаат излез на море и зависни се од нафта и гас од Русија









