Економистите очекуваат дека американските Федерални резерви ФЕД ќе ја задржат референтната каматна стапка меѓу 3,5 и 3,75 насто до крајот на оваа година, објави Ројтерс.

Некои од аналитичарите сепак сметаат дека постои можност за зголемување на каматите од страна на ФЕД бидејќи инфлацијата во САД надмина 4 насто. Сепак, економистите сметаат дека падот на цената на нафтата и слабеењето на инфлаторните притисоци предизвикани со геополитичките настани му даваат можност на ФЕД да почека и да не ги зголемува каматните стапки.

Претседателот на ФЕД Кевин Ворш порача дека тие остануваат посветени на главната цел, а тоиа е враќање на инфлацијата на 2 насто.

Слични новости