Денеска се одбележува една година од големата трагедија во Кочани, каде што во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 63 млади луѓе, а десетици беа сериозно повредени.

Денеска на плоштадот во Кочани се поставени 63 празни столчиња со имиња на загинатите, а во градот пристигнаа и голем број делегации за да им оддадат почит на жртвите.

Во меѓувреме сеуште трае судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во кој има голем број на обвинети кои обвинителството ги товари за вина во трагедијата.

Слични новости

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.