На гала церемонијата за доделувањето на британските филмски награди БАФТА што се одржаа синоќа во Лондон, доминираше „Една битка по друга“ на режисерот Пол Томас Андерсон.

Филмот имаше дури 14 Бафта номинации, а освои шест статуетки, меѓу кои и двете во главните категории, за режисер и најдобар филм.

Другите четири награди ги освои во категориите најдобро адаптирано сценарио, најдобра кинематографија, најдобра монтажа и Шон Пен ја освои Бафта наградата за најдобра споредна машка улога.  

Водител на церемонијата во Лондон беше Алан Каминг.

Слични новости

На интернет жестока дебата околу апсењето на Џастин Тимберлејк кој возел под дејство на алкохол

На интернет жестока дебата околу апсењето на Џастин Тимберлејк кој возел под дејство на алкохол

Минатата недела по долготрајна иисцрпувачка правна борба на социјалните мрежи беше пуштено видеото од апсењето на Џастин Тимберлејк кого полицијата го сопре во малиот град Саг Харбор поради серија сообраќајни прекршоци направени под дејство на алкохол.