Триесети иосумгодишниот легендарен уругвајски фудбалер Единсон Кавани официјално се повлекува од фудбалот, објавувајќи ја одлуката на социјалните мрежи.
„Го напуштам фудбалот со мир во душата знаејќи дека дадов сè од себе на секој тренинг и натпревар. Фудбалот ми даде толку многу, ме обликуваше и ме научи да станувам кога ќе паднам“, вели напаѓачот кој одигра 136 натпревари за уругвајската репрезентација и постигна 58 гола.
Кавани ја започна својата професионална кариера во уругвајскиот Данубио, но брзо тргна кон Европа. Прво играше за Палермо, а потоа за Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија. Кариерата ја заврши во Јужна Америка, играјќи за аргентинската Бока Јуниорс од 2023 година.
Лесно ги полнеше противничките мрежи во секој тим за кој играше, како и на своите натпревари за Пари Сен Жермен, каде што постигна 138 гола во 200 лигашки натпревари. Вкупно, Кавани постигна повеќе од 200 гола во сите натпреварувања за парискиот тим.
Статистички, популарниот „Ел Матадор“ имаше одлични години и во Наполи, каде што одигра 104 натпревари во Серија А од 2011 до 2013 година, постигнувајќи 78 гола.
Слични новости
Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај
Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.
Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа
Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.
Чаби Алонсо ја одби понудата на Олимпик Марсеј да седне на тренерската клупа
Спортските медиуми пишуваат дека Алонсо го чека расплетот на ситуацијата со Арне Слот во Ливерпул, од кого доби повик уште кога Јирген Клоп го напушти „Енфилд“.


